Јувентус не успеа да го победи Нант во Торино. Беше 1:1, „Старата дама“ пропушти голем број на шанси, а во судиското надополнување, според мислењето на многу љубители на фудбалот на италијанскиот тим им беше украден чист пенал од португалскиот судија, Жоао Пинеира.
Јувентус притисна, се бараше втор гол, во 95. минута се случи неверојатна сцена во шеснаесетникот на Нант.
Се играше 95 минута кога еден гостински играч со рака ја удри топката која одеше гол голот на Нант. Судијата од ВАР собата, Тиаго Мартинс го повика судијата да ја види сомнителната ситуација, затоа што сметаше дека постоијат елементи за пенал.
Сите очекуваа ова да биде пенал, а потоа се случи неверојатен шок и за многумина вистински грабеж на Јувентус. Судијата мислеше дека Бремер направил фаул во нападот, ова беше неговата конечно одлука.
Масимилијано Алегри беше особено лут. Тој откако виде што покажа португалскиот судија тргна кон соблекувалните. Сепак, тој набрзо се врати. Натпреварот го следеше од клупата до крајот, но на крајот со кисела насмевка му честиташе на колегата од другата страна за добро завршената работа.
NO PENALTY!? WHAT? 🙆 pic.twitter.com/mAADIJ5qN5
— Max Statman (@emaxstatman) February 16, 2023
Спортниот момент можете да го видите ТУКА.