Македонската скијачка Јана Атанасовска остана без пласман и на слаломската трка во женска конкуренција на СП во Куршевел. Таа денеска се појави на стартот меѓу 122 пријавени скијачки, но не успеа да ја заврши првата слаломска трка, слично како и пред неколу дена во велеслаломот.
Со тоа Атанасовска остана без пласман на трките на ова светско првенство. Инаку по првата слаломска трка во водство е Американката Микаела Шифрин, пред Венди Холденер од Швајцарија и Лорен Ст-Жермен од Канада.