Официјални лица во Италија побараа од поранешниот репрезентативец на Бразил и некогашен фудбалер на Милан, Робињом да ја отслужи казната за силување во неговата родна земја, бидејќи не може да биде екстрадиран, соопшти бразилското Министерство за надворешни работи.
Тој беше осуден за силување во Италија во 2013 година. Неговата 9-годишна затворска казна беше потврдена од Врховниот суд на Италија на 19 јануари 2022 година.
Уставот на Бразил не дозволува екстрадиција на државјани на земјата. Бразилскиот министер за правда Флавио Дино рече дека „можеби ќе има извршување на казната“, но процесот може да потрае неколку години, според експертите. 39-годишниот поранешен фудбалер се уште е под закана од апсење доколку отпатува во земја со која Италија има договор за екстрадиција.