Буњамин Шабани: Струга ТЛ посакува со трите бода да се врати од Кавадарци!

154

Утре стартува пролетниот дел од сезоната 2022/23. Полусезона во која Струга ТЛ ќе стартува од првата позиција. Стружани имаат утре тешко гостување и тоа кај Тиквеш во Кавадарци. Тим кој имаше одлична есенска полусезона.

Сите се свесни во таборот на лидерот дека ќе биде тешко, но не и невозможно да се дојде до победата.

За тоа што може да се очекува од ова гостување, свој коментар има капитенот на стружани Буњамин Шабани:

Многу важен натпревар за нас. Го почитуваме, го респектираме Тиквеш, знаеме дека ќе биде тешко. Кавадарчани имаат квалитетен состав. Сепак нам ни се потребни тие три бода и Струга ТЛ ќе стори се да дојде до победата. Не криеме дека посакуваме од Кавадарци да се вратиме со трите бода“ истакна Шабани.

ПретходноДавид Бабунски стрелец за Мезоковесд!
СледноМенхенгладбах го “тресна“ Баерн, Штутгарт го декласираше Келн! (ВИДЕО)