ВМФЛ: Лидерот посакува триумф на стартот, тоа го сакаат и Вардар, Воска, Пелистер…

486

 

По пауза од нешто повеќе од два месеци, денеска (14 часот) со мечевите од 16.коло или прво пролетно, стартува втората полусезона во Вората лига или ВМФЛ. Полусезона во која ќе биде супер интересно. Има четири екипи кои легитимно се надеваат дека следната сезона ќе играат во ПМФЛ.Секако дека тука го ставаме и Вардар со своите проблеми. Но доста е анализирано, коментирано за Вардар во изминатиот период, сега е време за фудбал. Тие четири екипи,се разбира покрај Вардар, се и лидерот Гостивар, Воска Спорт и Пелистер.

Да потсетиме, две екипи директно одат во повисок ранг, а третопласираниот ќе игра бараж со десеттиот од ПМФЛ.

Уште нешто што е интересно за денешното коло. Сите фаворити денеска играат на свој терен, односно се домаќини, се знае дека Вардар игра дома, но на Автокоманда.

Гостивар како лидер, тим кој осетно се засили во зимскиот преоден рок, на својот стадион го дочекува Пехчево или скопска Локомотива. Посакувањата на лидерот се победнички секако, уште на стартот да покаже сила, да покаже дека го има најдобриот тим во лигата. Вардар игра “дома“ со Арсими. На тие три пријателски, кои ги одигра оваа зима, повеќе на свежина, Вардар и не беше така лош, ако се знае дека и да немаше подготовки како што треба. Но официјалните мечеви се нешто друго.

Воска Спорт го дочекува Караорман во “езерското дерби“ ако се знае дека фудбалски ќе се судрат Охрид и Струга на “Билјани Извори“ денеска.

Пелистер во пролетниот дел влегува со големи амбиции, битолчани веруваат дека со новиот тренер Бобан Бабунски нивниот Пелистер ќе има и подобра игра,но и подобри резултати. Токму затоа се очекува на стадионот “Петар Милошевски“ нивните миленици да ги освојат трите бода денеска против Кожув.

На останатите мечеви се среќаваат Тетекс –Охрид Лихнидос, Беласица – Детонит, Слога (В) – Борец и Беса – Каменица Саса.

 

ДВОЈКИ ЗА 16.КОЛО – ДЕНЕСКА 14 Ч

Битола: Пелистер – Кожуф

Скопје: Вардар – Арсими

Тетово: Тетекс –Охрид Лихнидос

Струмица: Беласица – Детонит

Виница: Слога (В) – Борец

Охрид: Воска Спорт –Караорман

Гостивар: Гостивар –Пехчево

Врапчиште: Беса – Каменица Саса

ТАБЕЛА

Гостивар 37, Вардар 36, Воска Спорт 34, Пелистер 30, Детонит 29, Охрид Лихнидос 26, Беса 21, Арсими 20, Беласица 20, Караорман 20, Кожуф 17, Пехчево 14, Саса 13, Слога (В) 10, Тетекс 7, Борец 0 бодови…

ПретходноПСЖ преговара со Мурињо!?
СледноВнукот на претседателот на Звезда се расплака поради ужасното скандирање „Гробари“ (ВИДЕО+ФОТО)