Втора понуда: И Британски милјардер испрати официјална понуда за Манчестер Ј.

186

Манчестер Јунајтед доби втора официјална понуда за купување на акциите на клубот, објавија британските медиуми.

Откако катарскиот принц, шеикот Јасим бин Мохамед ал-Тани во петокот објави дека дал конкретна понуда за купување на „црвените ѓаволи“, доцна синоќа истото го направи и најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф.

70-годишниот бизнисмен, кој е сопственик на хемиската компанија „Инеос“, долго време има интерес за акциите на клубот, кои од 2003 година се под контрола на американското семејство Глејзер.

Личното богатство на Џим Ретклиф се проценува на околу 15 милијарди долари. Медиумите во Велика Британија шпекулираат дека цената на 100 отсто од акциите на Манчестер Јунајтед би можела да достигне околу 6 милијарди долари.

ПретходноЗдравков утре дебитира на клупата на Брегалница: Очекувам голема поддршка од трибините
СледноЛапорта има план: Фати си оди на лето, но доаѓа ѕвездата на Атлетико (М)