Во првиот меч од пролетната полусезона, Вардар на “свој“ терен денеска на Автокоманда во Скопје, одигра само 1:1 со тимот на Арсими. Се разбира дека ова е кикс на еден од оние тимови кои претендерираат за највисок пласман во ВМФЛ.
Вардар почна добро, имаше иницијатива, се редеа акции пред голот на гостите. Сепак најголемата шанса за водство ја имаше Дарко Мицевски кога во 29.минута имаше пенал за Вардар, но Мицевски слабо шутираше а голманот на гостите Ислами го одбрани тој удар.
Не поминаа 3-4 минута кога на другата страна гол, и тоа за Арсими и тоа по киксот на Гачевски, кој таа топка шутната од Абдија едноставно мораше да ја прифати, но не го стори тоа. Шок за Вардар, водство за Арсими.
Во продолжение од средбата Жоглев во 64.минута имаше супер -шанса, но немаше гол и израмнување.
И тогаш гол, Десниќ во 70.минута со убав гол носи радост за вардарци. Вардар беше подобар тим и заслужено дојде до 1:1.