Војдан Стојановски го понесе признанието за најкорисен играч во финалето на Купот на Македонија. Македонскиот репрезентативец беше вистински лидер на теренот, не само против Феникс, туку во сите три дена, неговото искуство беше и тоа како значајно.
Војдан вечерва беше втор стрелец со 16 поени, 8 скока, три асистенции и исто толку украдени топки.