Викендов стартува пролетната полусезона во ПМФЛ и ВМФЛ. Денеска се играат натпреварите во втората лига, а утре се закажани тие од нашата елитна лига.
Како што е вообичаено кога станува збор за претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, тој и овојпат јавно им се обрати на сите учесници во мак-фудбалот со порака:
„По повод стартот на пролетниот дел од сезоната 2022/2023 во Првата и Втората фудбалска лига на Македонија, ви посакувам успешна сезона и спортско натпреварување на високо професионално ниво.
На клубовите им посакувам остварување на зацртаните цели, а на фудбалерите успешен и безбеден настап.
На судиите им посакувам чесно и достоинствено судење, праведни одлуки во духот на фер плејот и за доброто на фудбалот.
До израз нека дојдат знаењето, подготвеноста, желбата и ентузијазмот за фудбалската игра, се со цел да победи фудбалот и неговите вредности за правилниот развој на младите генерации“ истакна првиот човек на ФФМ.