По поразот од Баерн Минхен во првиот осминафинален меч од ЛШ и претходните неколку лоши резултати во францускиот шампионат го принудило раководството на ПСЖ да размислува за нов тренер. Очигледно смета дека Кристоф Галтие не е вистинскиот човек за оваа работа, па ги разгледува другите можности.
Според „Калчомеркато“ од ПСЖ разговарале со Жозе Мурињо за тренерската позиција во клубот од „Паркот на принцовите“. Од друга страна францускиот новинар Санти Ауона вели дека преговорите се во рана фаза и нејасно е како ќе завршат.
Мурињо претходно неколку пати изјави дека сака да остане во Рома, а по СП во Катар одби неколку понуди да биде селектор меѓу кои и на Португалија. Жозе има договор со Рома до јуни 2024 година.
Од Франција стигнуваат информации дека Зинедин Зидан би бил новиот тренер на ПСЖ. Екс-стратегот на Реал денеска изјави дека му се враќа на клупскиот фудбал и дека во јуни ќе биде познат неговиот нов клуб.