Бразил не сака да го екстрадира Робињо, ќе лежи затвор во својата земја?

305

Официјални лица во Италија побараа од поранешниот репрезентативец на Бразил и некогашен фудбалер на Милан, Робињом да ја отслужи казната за силување во неговата родна земја, бидејќи не може да биде екстрадиран, соопшти бразилското Министерство за надворешни работи.

Тој беше осуден за силување во Италија во 2013 година. Неговата 9-годишна затворска казна беше потврдена од Врховниот суд на Италија на 19 јануари 2022 година.

Уставот на Бразил не дозволува екстрадиција на државјани на земјата. Бразилскиот министер за правда Флавио Дино рече дека „можеби ќе има извршување на казната“, но процесот може да потрае неколку години, според експертите. 39-годишниот поранешен фудбалер се уште е под закана од апсење доколку отпатува во земја со која Италија има договор за екстрадиција.

ПретходноMaјорка со петта победа по ред на домашен терен (видео)
СледноКуп трофејот се врати во Аеродром, МЗТ Скопје испиша историја – стана најтрофеен (ФОТО)