Вардар 1961 со цел плен од Охрид!

503

На првиот меч од второто коло во плеј-офот, Вардар 1961 славеше на гостувањето кај ГРК Охрид со 23-26. Талески со осум гола беше прв стрелец, Манасков беше стрелец на пет погодоци. На другата страна Каракоќ запиша пет гола.

Актуелниот македонски првак ја оправда улогата на фаворит уште во првото полувреме, поведе со 2-8, ја имаше контролата на мечот, на одморот замина со позитива од 12-15.

Во продолжение „црвено-црните“ држеа ритам, имаше водство од пет гола (13-18), но тоа не го демотивираше домаќинот, предводен од своите навивачи пред почетокот на 50 минута успеа да намали на 20-21. Недановски повика тајм-аут, веднаш вроди плод, неговите момци набрзина постигнаа две гола и ја вратија контролата (20-23), но не за долго Цицар од седум метри повторно доближи на 22-23 на шест минути до крајот.

Томовски имаше важна одбрана, Георгиевски и Моралес ја вратија позитивата од три гола (22-25), на другата страна Охрид немаше сили за целосен кам-бек, но останува да биде задоволен од играта во второто полувреме.

На последната средба од плеј-аут, Радовиш и Вардар Неготино ги поделија бодови, дуелот заврши 21-21.

ПретходноБетис со триумф, Сосиедад ремизираше со Селта! (ВИДЕО)
СледноШампионот ги “расплака“ Монца и Берлускони!