Вела Красниќ: Ова е прв трофеј за МЗТ Скопје и голем мотив за во иднина!

218

Женската екипа на МЗТ Скопје во својот дебитански настап во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ успеа да го освои трофејот. Кошаркарките од Аеродром во финале ја совладаа екипата на Баскет Кам со 75-60 и сосема заслужено се радуваа.

„За разлика од полуфиналниот натпревар кога лошо почнавме и бркавме разлика, во финалето успеавме да го контролираме резултатот цело време. Игравме добро и во напад и во одбрана и сум задоволна од прикажаната игра на кошаркарките. Ова е прв трофеј на женскиот кошаркарски клуб МЗТ Скопје и мој прв освоен пехар, така што се радувам на тој успех. Им честитам на сите и ова е мотив и основа за понатамошна работа“, изјави тренерот Вела Красниќ

ПретходноПЛЕЈ-АУТ: Скопје и Куманово во налет, Голден Арт им се врати на победите!
СледноЕмотивно на „Сент Џејмс Парк“: Сопругата и децата на Атсу во солзи! (ВИДЕО)