Попладнево се одиграа сите мечеви од 16.коло во ВМФЛ или прво пролетно. Вардар како што е познато веќе одигра само 1:1 со Арсими. Гостивар победи со 1:0 и тоа едвај со голот на Ајдини, сепак важни се трите бода за лидерот.
Сепак Пелистер го одбележа денот со убедливата победа над Кожув со 5:0. Моќен е овој Пелистер, се гледа уште на стартот, а да се биде се убаво се погрижи Благоја Љамчевски во последните секунди кога постигна фантастичен гол и тоа со волеј од околу 30 метри. Нешто невидено, еден од најубавите голови што битолчани го виделе.
Секоја чест.
Тетекс успеа да го победи Охрид со 2:0, со истиот резултат и Беса славеше над тимот на Саса.
Воска Спорт го доби есенското дерби со Караорман со 4:1, а Слога во Виница го декласираше Борец со 4:0.
Беласица на свој терен беше подобра од Детонит со 2:1.
РЕЗУЛТАТИ – 16.КОЛО
ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ 5:0
ВАРДАР – АРСИМИ 1:1
ТЕТЕКС – ОХРИД 2:0
БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ 2:1
СЛОГА (В) – БОРЕЦ 4:0
ВОСКА – КАРАОРМАН 4:1
ГОСТИВАР – ПЕХЧЕВО 1:0
БЕСА – САСА 2:0
ТАБЕЛА
Гостивар 40, Воска 37, Вардар 37, Пелистер 33…бодови