Пелистер не успеа да направи уште едне чекор, и да обезбеди пласмна во финалето. Иако рано влегоа во резултатска негатива, „зелено-белите“ се вратија, дури и премина во водство, но на крјаот мораше да му честитаат на противникот, тимот на Феникс.
„Одигравме еден натпревар кој изобилуваше со многу поени. Ние практично во почетокот го загубивме натпреварот со 17 разлика, која подоцна успеавме да ја стигнеме. Сето останато што се случуваше на паркетот, не сакам да го коментирам. Купот е организација за сите љубители на кошарката, му честитам на организаторот, но мора да потенцирам дека треба да се стави крај на циркузантите да го расипуваат сето ова. Се појавуваат екипи кои создаваат една слика, сосема поразлична од она која била во минатото, а притоа се поддржани од некои играчи чиј однос не е пример за сите оние кои доаѓаат и навистина жалам за тоа“, изјави тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски.