Интер рутински ја одработи задачата против Удинезе (видео)

96

Екипата на Интер ги освои бодовите во дуелот со Удинезе во 23.коло на Серија А и цврсто ја држи втората позиција на табелата. Вечерва на „Меаца“ составот на Симоне Инзаги забележа триумф од 3:1.
Ромелу Лукако го отвори резултатот во 20. минута меѓутоа за 1:1 на полувреме се погрижи Ловриќ. Во 73 минута Мхитарјан ја затресе мрежата на Удинезе. Koга гостите се обидуваа да спасат бод Интер го искористи моментот и во 89 минута ја заклучи победата. Лаутаро Мартинез стрелаше за конечни 3:1.
По нецелосно 23 коло Удинезе е на деветтата позиција.

ПретходноДамјан Цикарски нов играч на Домжале
СледноСигурни три за Реал – Валверде и Асенсио ја завршија работата (видео)