Канаѓанката Ст. Жермен е сензационална победничка во слалом на СП во Куршевел

109

Канаѓанката Лоренс Ст. Жермен е сензационална победничка на женскиот слалом на светското првенство во француски Куршевел. Таа, иако беше трета по првото возење, во втората трка успеа да ја надополни негативата зад лидерките по првата трка и на крајот да го грабне златниот медал во техничката дисциплина.

Канаѓанката тргна со стартниот број 18, а на крајот покажа дека не случајно е на СП. Микела Шифрин која имаше најдобар резултат по првата трка, имаше лошо возење во втората трка и на крајот заврши втора и го освои среброто. Лена Дуер од германија заврши како трета и се закити со бронзениот медал.

ПретходноЛапорта има план: Фати си оди на лето, но доаѓа ѕвездата на Атлетико (М)
СледноРеал и Барселона тргнуваат по Скариоло