Иако имаше голема поддршка од своите фанови, Вардар не успеа да ги израдува со стартна победа во пролетната полусезона во ВМФЛ. Само 1:1 со Арсими, резултат за главоболки кај сите во клубот.
“Комитите“ повторно беа во елемент, беа дојдени на стадионот на Автокоманда во голема бројка,а ја дадоа својата поддршка, но сепак на крајот не се радуваа на победа.
Треба да се одбележи дека вардаровите фанови потсетија и на својот другар Дарко Смоковски – Смок, кој пред два месеци во нсреќен случај го загуби својот живот.