Женскиот тим на МЗТ Скопје испиша историја, го освои првиот трофеј во Купот на Македонија, откако во финалето славеше против Баскет Кам со 60-72. За екипата од Аеродром ова беше прво учество на ова натпреварување, како аут-сајдер покажа дека чудата се возможни.
Ова е еден од двата пехари кои Аеродром може да ги прослави вечерва, во машкото финале МЗТ Скопје игра против Феникс.
Избраничките на Вела Красниќ доминираа во текот на целиот меч, првата четвртина ја добија со 8-21. На другата страна тимот од Македонска Каменица се разбудија во втората четвртина, ја доби со 18-17, но тоа не беше доволно за целосен пресврт.
МЗТ Скопје и на оваа средба ги имаше распложените Симонс и Ли, двете кошаркарки го држеа ритамот, заедно со Теа Митева и Марија Митева. Симонс имаше 24 поени и 12 скока, додека Ли пак беше стрелец на 27 поени.
Баскет Кам пак имаше премногу промашени слободни фрлања, во последната четвртина се обидуваше со тројки да приреди пресврт, но и тука немаа многу среќа.
Во редовите на поразениот состав Николов со 23 поени беше прв стрелец.