Пред машкото финале, денеска (16:30 часот) во СРЦ „Кале“ ќе се одигра мечот за трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција. И тука во полуфиналето имаше изненадување, МЗТ Скопје го елиминираше Вардар, па си закажа средба со актуелниот бранител Баскет Кам.
Избраничките на Вела Красниќ испишаа историја со самиот пласман, се вратија од негатива и слично како Феникс испратија порака дека фавортите не победуваат секогаш.
„Ова е наш голем успех, се радуваме на влезот во финалето. Возрасната граница е голема меѓу првите пет и останатите членови на екипата, тие се деца од 2007, 2008, 2009 годиште. За финалето, се надевам на добра игра затоа што ова беше меч со висок интензитет. Ќе видиме што ќе биде во финалето со Баскет Кам 2011 и кој ќе ги искористи своите предности. Јас секогаш велам да одиграме, да покажеме што знаеме и после да коментираме“-, изјави Вела Красниќ.
На другата страна Баскет Кам може да дојде до хет-трик, во последните две изданија доминира во ова натпреваруавње. Оваа екипа е фаворит.