Куп трофејот се врати во Аеродром, МЗТ Скопје испиша историја – стана најтрофеен (ФОТО)

176

МЗТ Скопје е освојувач на 30. јубилејно издание на Купот на Македонија, кој го носи името на Благоја Георгиевски – Буштур, со совлада Феникс со 89-73. По само една година пауза, во Аеродром се враќа пехарот, овој пат 11-ти и историски, МЗТ Скопје од вечерва е најтрофејниот тим во ова натпреварување, со остави зад себе Работнички. На другата страна Феникс останува да го памети ова финале, кое е историско и мотив за во иднина.

Мицовиќ постигна 20 поени, зад него беше Војдан со 16 поени, 8 скока и три украдени топки. На другата страна Трајковски имаше 22 поени, Димчевски 21.

Актуелниот македонски првак влезе силно во мечот, отвори со две тројки на Војдан и Дамјан за 6-0, а по само четири минути игра водеше со 19-5, беше и плус 17 (25-8). Првата четвртина МЗТ Скопје ја заврши со предност од 28-14.

Се чинеше дека, „сино-белите“ ќе продолжат да „газат“ со оглед на тоа дека на двапати имаа нови плус 15 (33-18 и 35-20). Но кошаркарите на Феникс се разбудија, влезе Димчевски со тројки ги размрда своите редови, па успеа на кратко да ја намали двоцифрената предност на девет поени 44-35. На одморот резултатот беше 48-37.

Третата четвртина, првите пет минути беа рамноправни. Трајковски беше лидер кај Феникс, кој пак со серија од 11-2 намали на 64-60 во 27 минута. Неизвесноста целосно се врати, но искуството си го стори своето. МЗТ со мини серија од 7-1 зголеми на 71-61 на стартот на последната четвртина.

Не успеа МЗТ Скопје повторно да „побегне“ резултатски, позитивата беше од 12 до девет коша. Главниот чекор кон триумфот МЗТ Скопје го направи на пет минути до крајот, Абу со забивање зголеми на 80-66. Димчевски со тројка го направи последниот обид да го збуни противникот, но времето изминуваше, а силите се трошеа. Па веќе на две минути до крајот предноста од 16 разлика (89-73) беше доволна за сигурна победа.

ПретходноБразил не сака да го екстрадира Робињо, ќе лежи затвор во својата земја?
СледноМВП признанието во рацете на Војдан Стојановски