Лапорта има план: Фати си оди на лето, но доаѓа ѕвездата на Атлетико (М)

346

Барселона размислува да направи изненадувачка замена на Ансу Фати со Жоао Феликс следното лето, тврди новинарот Ману Саинц.

Тој вели дека претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта е воодушевен од идејата да го придобие Португалецот во друштво на Педри, Гави и Френки де Јонг.

Ансу Фати и Жоао Феликс ги застапува истиот агент Жорге Мендеш, со кого Лапорта одржува добри односи. Барселона практично постигна договор со Атлетико Мадрид да го ангажира напаѓачот за 70 милиони евра во јануари 2022 година, но тогаш договорот пропадна и Барса наместо тоа го избра Феран Торес.

23-годишниот Португалец моментално е на позајмица во Челзи.

ПретходноВтора понуда: И Британски милјардер испрати официјална понуда за Манчестер Ј.
СледноКанаѓанката Ст. Жермен е сензационална победничка во слалом на СП во Куршевел