Попладнево се одиграа четири меча од 21.коло во Бундеслигата. Секако дека во преден план беше дуелот меѓу Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен, некогаш лутите ривали. По малку и изненадувачки, славеа домашните со 3:2.
Ако во ЛШ на “баварците“ добро им оди, тогаш на домашна сцена имаат проблеми. Треба да се каже дека Баерн уште од 8.минута играше со играч помалку откако Упамекано доби црвен картон. Стиндл и двапата Турам стрелаа за победникот, додека Чупо-Мотинг и Тиел погодија за гостите.
Штутгарт со 3:0 го декласираше Келн и тоа со головите на Гил Диас, Соса и Кулибали.
Фрајбург на гости кај Бохум победи со 0:2 и тоа со головите на Грегориш и Холер.
Исто и Лајпциг победи како гостин и тоа кај Волвфсбург со 0:3. Головите беа дело на Форсберг, Лајмер и Шобошлаи.