Митревски: За нас ова е не пораз, туку големо искуство!

161

Феникс останува да биде горд што стигна до финалето во Купот на Македонија, а таму му прижи силен отпор на МЗТ Скопје.

„Со оглед на тоа дека е прво финале, а ние сме помлада екипа, за нас ова е големо искуство, ова не е пораз, туку лекција за понатаму. На почетокот влеговме премногу исплашено, МЗТ Скопје е премногу искусна екипа за да дозволи пресврт“, изјави Андреј Митревски.

Во таборот на Феникс нема простор за разочарување, бидејќи овој тим доправа ќе расте и созрева.

„Ние имаме играчи кои првпат играат вакво финале, немаат искуство, тоа беше првиот проблем, влегоа во грч. Како што одминуваше времето се опуштија. Ние ја базираме нашата игра на македонските играчи, тоа е целта, да произведуваме македонски кошаркари. Јас кажав на почетокот, дека дојдовме да играме финале. Одигравме машки и борбено. Им ја честитам оваа титула на МЗТ Скопје, посакува да опстанат во АБА-лига, нас ни треба тим да остане во ова натпреварување“, изјави Денис Дервишевиќ.

ПретходноШоу на „Фемили“ – сите 11 пехари во Купот на Македонија (ФОТО)
СледноДамјан Цикарски нов играч на Домжале