Муамед Сејдини пред стартот на пролетниот дел: Нека победи фудбалот!

215

Викендов стартува пролетната полусезона во ПМФЛ и ВМФЛ. Денеска се играат натпреварите во втората лига, а утре се закажани тие од нашата елитна лига.

Како што е вообичаено кога станува збор за претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, тој и овојпат јавно им се обрати на сите учесници во мак-фудбалот со порака:

По повод стартот на пролетниот дел од сезоната 2022/2023 во Првата и Втората фудбалска лига на Македонија, ви посакувам успешна сезона и спортско натпреварување на високо професионално ниво.

На клубовите им посакувам остварување на зацртаните цели, а на фудбалерите успешен и безбеден настап.

На судиите им посакувам чесно и достоинствено судење, праведни одлуки во духот на фер плејот и за доброто на фудбалот.

До израз нека дојдат знаењето, подготвеноста, желбата и ентузијазмот за фудбалската игра, се со цел да победи фудбалот и неговите вредности за правилниот развој на младите генерации“ истакна првиот човек на ФФМ.

ПретходноАтанaсовска не успеа да ја заврши и слаломската трка на СП
СледноКУП НА МАКЕДОНИЈА (жени): Во Аеродром би можело да има двојно славје!