Николиќ со порака: Срцево ми чука…

587

МЗТ Скопје го освои 11-от пехар во Купот на Македонија и стана најтрофејниот тим во ова натпреварување. Во финалето, тимот од Аеродром славеше со убедливи 89-73 против Феникс.

Драган Николиќ беше емотивен по мечот.

„Се надевам дека мојот македонски јазик нема да ве шокира. Немам зборови со кои ќе им се заблагодарам за честа што ми ја направија по ова финале. Феникс направи големо финале, одигра добар меч, добар за навивачите и за кошарката. Горд сум на играчите, стручниот штаб, на навивачите и на сите во клубот. Ова е само прв чекор, би сакал секој да се чувствува како јас сега. Срцево ми чука“, рече Николиќ. 

Капитенот Војдан Стојановски како и останатите момци беше горд на играта која ја прикажаа во овие три дена.

„Најважно е дека Купот е освоен. Знаевме дека ќе биде тешко, нема простор за кикс, секој секого може да изненади во вакво натпреварување, знаевме дека мора да бидеме максимално сконцентрирани. Издржавме машки, го задржавме налетот на оваа млада екипа.

Требаат вакви повеќе натпревари, полни трибини за доброто утре на македонската репрезентација“, изјави капитенот Дамјан Стојановски, кој потенцира дека сега АБА-лигата е на ред, верува дека ќе опстанат, а секако ќе го освојат пехарот.

ПретходноМВП признанието во рацете на Војдан Стојановски  
СледноШоу на „Фемили“ – сите 11 пехари во Купот на Македонија (ФОТО)