Нов срам за Челзи, поразен и од “фенерџијата“ и тоа дома, ужасна повреда на Аспиликуета, Сити не победи! (ВИДЕО)

310

Попладнево на програмата беа дури шест мечеви од 24.коло во Премиерлигата. Сензација на “Стамфорд Бриџ“, нов срам за Челзи, нов пораз со 0:1, и тоа од последниот на табелата Саутемптон. Стрелец на голот беше Вард-Провс во 45.минута.

Треба да се каже дека имаше и немили сцени, посебно во 75.минута кога Мара со нога удри во главата на Аспиликуета. Веднаш на терен истрчаа лекарите на Челзи, на Шпанецот му се даваше помош повеќе од 10 минути за да потоа со носилки беше изнесен. Потоа беше префрлен во болница.

Навистина тешка повреда, Мара доби жолт картон.

Кикс на Манчестер Сити и тоа кај Нотингем и тоа со резултат 1:1. Водеа “граѓаните“ со голот на Силва, за да Вуд во 84.минута ги постави конечните 1:1. Два златни бода Сити загуби во битката за титулата.

Брентфорд се спаси од пораз и тоа со гол во 90+6,.минута за конечни 1:1. Кристал Палас поведе со голот на Езе, за да Џанелт донесе бод за домашниот состав.

Фулам како гостин го победи Брајтон со 0:1, стрелец беше Соломон во 88.минута.

Евертон дојде до втората победа во третиот меч на Шон Дајч на клупата. Триумф над Лидс со 1:0 со голот на Колеман.

И Борнмут победи на гости и тоа кај Вулфси со 0:1. Победникот го одлучи Таверние во 49.минута.

ПретходноМенхенгладбах го “тресна“ Баерн, Штутгарт го декласираше Келн! (ВИДЕО)
СледноКошаркарките на МЗТ Скопје испишаа историја – го освоија Купот на Македонија!