ПЛЕЈ-АУТ: Скопје и Куманово во налет, Голден Арт им се врати на победите!

103

Скопје продолжи во победнички ритам и во второто коло во плеј-аутот. Избраниците на Горан Кузманоски овој пат на домашен терен го совладаа Прилеп со 24-22.

Гостите поведоа со 2-4, но домаќинот со серија од 4-0 го сврте резултатот и одлично го чуваше водството, на одморот беше 13-9. Сликата на теренот не се промени, Скопје не дозволи пресврт.

Јакимовски имаше седум гола кај победникот, Киселовски постигна пет. Во редовите на гостинскиот состав, Чантурија имаше шест погодоци.

Струга запиша нов пораз и тоа на домашен терен, откако беше поразена со 22-27 од тимот на Куманово. Гостите до победата дојдоа благодарение на добрата игра во второто полувреме. Претходно, во првите 30 минути беше изедначено, се менуваше водството, но темпото во редовите на домашниот тим падна, што пак на другата страна искористи гостинскиот состав.

Мрвовиќ со шест гола беше прв стрелец, зад него беа Кастратович и Бечејац по пет гола. Кај поразениот состав Бугариновиќ имаше шест гола.

Голден Арт по шокантниот пораз кај Вардар Неготино им се врати на победи, пред своите фанови го совлада Јуниор К.В со 30-25. Оваа средба беше решена уште по првото полувреме кога домаќинот имаше позитива од 15-10.

Гошевски беше стрелец на 13 гола, Гучески на шест. На другата страна Симоноски имаше 8 гола.

Резултати: Скопје – Прилеп 24-22, Струга – Куманово 22-27, Голден Арт – Јуниор К.В 30-25.

ПретходноЕве како Аспиликуета се здоби со ужасна повреда, Ковачиќ го спасуваше! (ВИДЕО)
СледноВела Красниќ: Ова е прв трофеј за МЗТ Скопје и голем мотив за во иднина!