ПЛЕЈ-ОФ: Охрид на нозе – доаѓа Вардар 1961!

192

Викендов на програмата се мечевите во плеј-офот и плеј-аутот. Единствениот натпревар во битата за титулата кој се игра денеска (18:30 часот) е во СЦ „Билјанини извори“. Таму ќе ги одмерат силите ГРК Охрид и Вардар 1861.

Домашните навивачи својот кам-бек на трибините го најавија токму за оваа средба, се очекува салата да биде исполнета, охриѓани сонуваат за сензација против актуелниот македонски првак. Свесни се дека мисијата ќе биде тешка, но ќе се обидат достојано да му парираат на противникот.

Останатите мечеви се играат утре, Е.Пелистер е домаќин на Алкалоид, Бутел го пречекува Пелистер 2, додека Пролет е домаќин на Тиквеш.

Што се однесува до плеј-аутот денеска ќе се одиграат сите средби: Скопје и Прилеп (15 часот) се првата двојка, двата тима стартуваа со победа, па ќе биде доста интересно. Струга и Куманово по поразите ќе бараат прва победа (16 часот), додека пак истата цел ќе ја имаат Голден Арт и Јуниор К.В (17 часот). Вардар Неготино по триумфот во минатото коло му гостува на Радовиш, се надева на нови бодови во битката опстанок.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: И МЗТ Скопје, и Феникс денеска можат да испишат историја!
СледноАтанaсовска не успеа да ја заврши и слаломската трка на СП