Ајнтрахт Франкфурт го совлада Вердер со 2:0 во 21.коло на Бундес лигата што е нивна 11-та победа сезонава за приближување до местата кои водат во ЛШ идната сезона. Ајнтрахт поведе со автоголот на Фрајдел во 8. Минута, а во 52. минута погоди Коло Муани за конечни 2:0.
Ајнтрахт има најмногу победи против Вердер во Бундес лигата, вечерашната е нивен 38. триумф против овој противник.