Првите луѓе на Реал и Барселона на лето ќе се обидат да го ангажираат тренерот на Виртус и селектор на шпанската репрезентација, Серхио Скариоло, пишуваат италијанските медиуми.
Договорот на италијанскиот кошаркарски стручњак со тимот од Болоња истекува за една година, но нивната соработка ќе зависи и од тоа дали Виртус следната сезона ќе игра во Евролигата.
Од друга страна, Реал и Барселона не се задоволни од постигнатите резултати под водство на Матео и Јасикевичиус.
Скариоло е долгогодишен селектор на Шпанија, а со оваа селекција е актуелен шампион на светот и на Европа.