Стартуваше Ол-Стар викендот: Алварадо МВП на мечот на „Ѕвезди во подем“ (ВИДЕО)

101

Ол-Стар викендот и официјално стартуваше синоќа, домаќин е Солт Лејк Сити, за првпат после 1993 година. Наместо еден меч се одигра мини турнир, две полуфиналиња кои се играа до 40 поени и финале во кое победникот беше оној тим кој прв постигна 25 поени.

Имаше четири екипи по седум играчи, а нив ги водеа поранешни НБА увезди, како Пау Гасол, Јоаким Ноа, Дерон Вилијамс, тие ги предводеа кошаркарите кои ја играат својата прва или втора сезона во НБА-лига, додека Џејсон Тери ги водеше играчите од Развојната лига.

„Тимот на Пау“ го победи „Тимот на Дерон“ во првото полуфинале со 40-25, блескаше Алваро, членот на њу Орлеанс. Додека во второто полуфинале, „Тимот на Јоаким“ го победи „Тимот на Џејсон“ со 40-32.

Во финалето момците предводени од Гаосл беа подобри од кошаркарите на Јоаким со 25-20, а пресудна беше тројката на Алвардо кој беше прогласен за МВП.

Вечерва на програмата се натпреварите во „скилс“: Предизвикот за умешност, мечот за тројки и главниот меч во забивање, последниот ден од Ол Старот е резервиран за главната битка, пресметката меѓу „Тимот на Леброн“ и „Тимот на Јанис“.

ПретходноВнукот на претседателот на Звезда се расплака поради ужасното скандирање „Гробари“ (ВИДЕО+ФОТО)
СледноРоналдо во непријатна ситуација: Му пружи рака на противничкиот фудбалер, овој бесно замина (ВИДЕО)