Екипата на Мајорка ја запиша петтата победа по ред на домашен терен во Ла Лига. Вечерва пред своите навивачи го совладаа тимот на Виљареал со 4:2 и воедно му го нанесоа четвртиот пораз по ред на противникот.
За Мајорка прецизни беа Кадевере, два гола постигна Дани Родригез и последниот гол беше дело на Ведат Муричи. За гостите головите ги дадоа Моралес за 1:1 и Чуквуезе за 2:2.
Да потсетиме Мајорка на последните пет меча на свој терен ги совлада Атлетико Мадрид, Ваљадолид, Селта, Реал Мадрид и сега Виљареал.
Севкупно гледано, Мајорка ја запиша осмата победа и е на 10-тото место на табелата. Виљареал паѓа и е на позиција број 8.