Елмас: Среќен сум, се обидувам да му помогнам на тимот!

272

Елиф Елмас како стартер ја прослави победата над Сасуоло (0-2), кој минатата година го изненади Наполи. Тимот на македонскиот репрезентативец е лидер во Серија А, има 18 бода и меч во однос на Интер и се наоѓа на чекор да го освои Скудетото, кое Неапол го чека три децении.

„Се уште има за играње. Среќни сме за победата нас Сауоло, против кого лани имавме 2-0, а потоа освоивме само бод. Видовме дека е тешко да се игра против нив, затоа вечерва направивме уште една работа: Понекогаш кога страдаш мора да трчаш, да ги стегнеш забите и кога си во неволја“, изјави Елмас, кој даде коментар и за својата игра.

„Многум сум среќен со мојот настап, се надевам дека ја стекнав довербата кај тренерот за да ме стави во стартниот состав. Ми оди добро, чувствувам дека сум во совршена форма и се обидувам да му помогнам на тимот, секогаш се ставам на располагање на моите соиграчи“. 

ПретходноВојна преку изјави: Да се стави крај на циркузантите кои сакаат да го уништат Купот!
СледноОд Турција доаѓаат тажни вести: Пронајдено е телото на Кристијан Атсу!