Филип Кузмановски го одигра првиот меч во новиот тим. Македонскиот репрезентативец пред извесно време од Хановер се пресели во Вецлар, но за жал вечерва не успеа да се радува на победа.
На гостински терен кај Фуксе Берлин, Вецлар беше совладан со 29-25.
Македонскиот репрезентативец во првата средба постигна еден гол од два обиди.
За Вецлар ова беше 15 пораз оваа сезона се наоѓа на 16 место, поточно над опасната зона, додека Фуксе Берлин го задржа лидерското место во Бундес-лигата.