Не е добро – Надал откажа уште еден турнир!

959

Рафаел Надал го откажа учеството на уште еден турнир, бидејќи не се опорави од повредата на колкот. Шпанскиот тенисер не учествуваше на Австралијан опен, а мораше да го откаже натпреварувањето на турнирите во Доха и Дубаи.

Сега тој го откажа учеството на егзибицијата во МГМ Арената во Лас Вегас, која требаше да се одигра на 5 март.

Таму требаше да се сретне со Карлос Алкараз, но мораше да отпадне, па Алкараз ќе игра со победникот од мечот меѓу Тејлор Фриц и Френсис Тијафо.

„Многу сум тажен што нема да можам да дојдам во Лас Вегас и да го одиграм овој голем настан со Карлос во „MGM Grand Garden Arena“. За жал, мојот процес на опоравување е таков што не е можно да бидам подготвен да играм тогаш. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите и организаторите кои цело време беа во контакт со мене, ми покажаа поддршка и имаа многу разбирање за мене“, рече Надал.

Се поизвесно е дека Надал нема да се појави ниту на Мастерсот во Индијан Велс, но останува да видиме. Индијан Велс започнува на 6 март.

ПретходноВтор пораз на фудбалерките на турнирот во Аланија
СледноАрсенал со пресврт до победа на гости кај Астон Вила (ВИДЕО)