Пелистер 2 со голема победа се враќа од гостувањето кај Бутел Скопје. Битолчани имаа негатива од шест гола во првото полувреме, во неизвесна завршница со голот на Митревски славеа со 23-24.
Ова е прва победа за Пелистер 2 во плеј-офот, прва после долгата серијата на порази. Избраниците на Александар Јовиќ покажаа лавовска битка на теренот, играа до последната секунда, на крајот наградата дојде, заслуженос е радуваа на триумфот.
Домашниот тим беше одличен во првото полувреме, имаше водство од шест гола на стартот на (10-4), па 13-8, а по 13-9 на одморот, работите на теренот се променија.
Ракометарите на Пелистер 2 не се откажаа од помислата дека оваа средба може да добие поинаков тек. Битолчани трпеливо ја топеа предноста на противникот, по 21-18 со серијата од 3-0 израмнија на 21-21 во 56. минута, а нешто подоцна и поведоа.
Павле Петровиќ во 59 минута стрелаше за прво водство од 22-23. Мајиќ не успеа да израмни од седум метри. Јовиќ повика тајм-аут, неговите момци беа на потег, Петровиќ не успеа да реализира, но Мајиќ се поправи за 23-23. На другата страна Митревски во последните десет секунди реализираше за 23-24.
Стоилевски и Петровиќ со по шест гола беа први стрелеци кај битолчани, на другата страна Мајиќ беше стрелец на осум погодоци.