Во 24.коло на Премиер лигата Манчестер Јунајтед го победи Лестер со 3:0 и му се приближи на второпласираниот ривал Манчестер Сити на табелата. Одлични настапи имаа голманот Де Геа кој имаше две-три прекрасни интервенции, но и Маркус Рашфорд кој игра во супер-форма и денеска даде два гола.
Рашфорд ги постигна првите два гола на натпреварот, а конечните 3:0 ги постави Џејдон Санчо во 61. минута.
На мечот Давид Де Геа го престигна легендарниот Петер Шмајхел по најмногу мечеви без примен гол. Шпанецот има 180, Данецот остана со 179.