Бабунски со два гола за пресврт и победа на Дебрецин (ВИДЕО)

734

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски ја продолжува извонредната голгетерска форма во дресот на Дебрецин. Со два нови погодока, тој денеска беше фактор за нова, осма сезонска победа на унгарскиот великан.

Дебрецин денеска со пресврт славеше на гостувањето кај лутиот ривал Хонвед со 3:2, а Бабунски ги постигна првите два гола за својот тим. Најпрво погоди за водство од 1:0 во 27. минута, а подоцна и за израмнување на 2:2 во 71. минута.


 

Со овие два нови гола, Дориан веќе стигна до бројката од 9 гола оваа сезона во унгарскиот шампионат што го донесе на 4. место на листата на најдобри стрелци во првенството.

ПретходноМарсело и Олимпијакос „раскинаа“ по само пет месеци
СледноТиквеш се враќа со победа од Скопје