Барселона го „среди“ Кадиз и остана на +8 пред Реал (М) (ВИДЕО)

131

Барселона го совладаа Кадиз на „Камп Ноу“ со 2:0 и ја задржа предноста од 8 бода пред Реал (М). Барса со овој триумф ја задржува пол-позицијата во трка за титулат.

Првиот гол на натпреварот го постигна Кадиз во 19. минута, но истиот беше поништен поради офсајд. Каталонците се обидуваа да погодат се до 43. Минута, кога по една мешаница во гостинскиот шеснаесетник Серхи Роберто, ја испрати топката во мрежата за 1:0.

Потврда на победата стигна само 3 минути подоцна, кога Левандовски погоди за 2:0.

Во 59. минута уште еден гол на Кадиз беше поништен, овој пат поради прекршок врз Тер Штеген.


Standings provided by Sofascore

 

ПретходноМурињо реди победи, Рома се искачи на 3. место во Серија А (ВИДЕО)
СледноХоланѓанка урна атлетски рекорд стар 41 година (ВИДЕО)