Во ПСЖ може да здивнат: Нејмар има само истегнување

233

Францускиот шампион ПСЖ излезе со соопштение за состојбата на напаѓачот Нејмар, кој на денешниот дуел со Лил ја повреди ногата.

Како резултат на прегледот направен веднаш по мечот, на Бразилецот му е констатирано истегнување на скочниот зглоб. Лекарите велат дека е добро што нема скршеница.

Според специјалистите, за два дена Нејмар ќе мора да направи уште еден преглед за да се донесе конечна дијагноза и да се направи план за рехабилитација. Проблем за ПСЖ е и повредата на Нуњо Мендеш, кој има повреда на десното колено.

ПретходноФаворитите запишаа сигурни победи
СледноГолеми нереди во Бундеслигата: Четворица навивачи на Шалке прободени завршија во болница (ВИДЕО)