Големи нереди во Бундеслигата: Четворица навивачи на Шалке прободени завршија во болница (ВИДЕО)

821

Големи инциденти се случија денеска во пресрет на натпреварот од германската Бундеслига меѓу Унион Берлин и Шалке. Хулиганството во Германија последниве години добива сериозни размери, а најновите навивачки нереди потврдуваат дека ситуацијата може да ескалира.

Денеска навивачите на Шалке биле нападнати од нивните ривали, навивачите на Борусија Дортмунд и Рот-Вајс Есен, на пат кон Берлин каде требаше да навиваат за своите миленици.

Тие биле нападнати со безбол палки, шрафцигери и друго ладно оружје, а бил повреден и возачот на автобусот. По реакцијата на полицијата, напаѓачите побегнале, а четворица повредени навивачи на Шалке итно се пренесени во болница.

ПретходноВо ПСЖ може да здивнат: Нејмар има само истегнување
СледноПрв турнир по 4 месеци и веднаш трофеј: Алкараз триумфираше во Буенос Аирес