Емери гневен на светскиот првак: Ти си голман, што бараш во нападот? (ВИДЕО)

3270

Супер интересно беше вчера на мечот меѓу Астон Вила и Арсенал. Се до 90.минута резултатот беше израмнет, 2:2, и тогаш прво Емилијано Мартинез, голманот на домашните си постигна автогол за 2:3 за гостите, а потоа следуваше контра по која Мартинели го погоди празниот гол на Астон Вила за конечни 2:4. А Мартинез во тој момент беше пред голот на Арсенал.

По сето ова тренерот на Астон Вила беше многу гневен на светскиот првак, Мартинез:

Како прво ќе имам сериозен разговор со него, на последните три меча примивме дури 11 голови. Јас никогаш не советувам голман да оди пред противничкиот гол и да ја спасува ситуацијата. За такво нешто веројатноста е многу мала, а веројатноста од контра да се прими гол е многу голема. Видете, не е истo да загубиш со 2:3 или со 2:4“ истакна стратегот на Астон Вила.

ПретходноОва епско промашување на Халанд можно е Сити да го чини титула во ПЛ! (ВИДЕО)
СледноЧелзи губи од кого стигне а тренерот Потер изјавува: Проблемот не е до мене!