Касиљас без влакна на јазикот: Пике е имбецил!

537

Жерар Пике ја заврши кариерата во текот на оваа сезона, но се уште се зборува за него, не поради фудбалот, туку поради некои други работи.

Неодамна најмногу се зборуваше за раскинувањето со Шакира и песната што колумбискиот уметник ја сними за него. Овој пат поранешниот фудбалер го привлече вниманието на медиумите поради друга причина.

Еден од шпанските инфлуенсери Ибаи Љанос на Твитер објави разговор со Икер Касиљас. Тој го праша поранешниот голман на Реал Мадрид за мислење за поранешниот играч на Барселона.

„Икер, што мислиш за Пике? Не мислиш дека е малку с***o? Биди искрен“, напиша тој. Касиљас одговори кратко, но многу отворено: „Тотално дете и имбецил“.

Жерар Пике се уште не проговорил за овие зборови. Некои коментатори тврдат дека целиот разговор е местенка и обичен маркетиншки трик, бидејќи и Љанос и Касиљас соработуваат со Пике во Лигата на кралевите и немало тензија меѓу играчите во минатото.

ПретходноПМФЛ: Мега-дерби, Шкупи и Шкендија на мегдан….есенскиот првак на гости во Кавадарци!
СледноПМФЛ: Ќе биде ли и Струга шампионски град? Стартува пролетниот дел од сезоната 2022/23, Шкупи и Шкендија на готовс!