Втората вечер на Ол-стар викендот е резервирана за индивудалните вештини. Кошаркарот кој не настапува во НБА-лигата победи во натпреварот во забивање. Станува збор за Мик Мекланг, кој има два меча во најсилното светско натпреварување, по еден за Чикаго и ЛА Лејкерс. Тој настапува во развојната лига,
Меккланг доби 199,8 поени од максимални 200 и ги победи Кенион Мартин јуниор, Треј Марфи трети и Џерико Симс. Триумфот беше убедлив, тој на три од четири забувања доби максимални 50 бодови. Најмногу импресионираше кога топката ја заби откако прескокна двајца мажи, ја потпре топката на табалата па ја заби.
Демиен Лилард е победник во натпреварот во шутирање тројки, пред Бади Хилд и Тајрис Халибартон. Лилард имаше по 26 поени во секоја рунда.
Во натпреварот на вештини најдобар беше тимот на Јута. Триото Џордан Кларксон, Вокер Кеслер и Колин Секстон во финалето ги победијата браќата Адетокумбо.