Купот на Македонија успешна приказна, реална слика, огледало и најважно – лекција!

431

✍️ Марија Ковачева

Во три маратонски денови видовме различни сценарија во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, кои завршницата ја направија интересна, иако МЗТ Скопје без голема мака ја оправда фаворитската улога и го подигна 11 пехар.

Овој Куп на Македонија покрај историјата која ја испиша МЗТ Скопје и стана најтрофеен и покажа зошто е број еден во моментов ќе го паметиме и по други детали, од кои секој тим ќе треба да извлече поука, да промени нешто во начинот на функционирање.

Видовме дека младите кошаркари имаат идоли токму од Македонија, факт кој радува. Видовме дека вложувањето во македонски кошаркари не е бадијала, видовме дека странците не се најважни за една победа, видовме што значи да си репрезентативец и како треба да се однесуваш на теренот, и колку се важни домашните производи во подигнување на атмосферата и учење на странците што значи Купот, како треба да се почитува македонското.

Ќе почнеме со Андреј Митревски. Тој гласи за еден од најнадежните играчи, го посочи дека Војдан Стојановски е неговиот идол од детство. Искусниот македонски репрезентативец и член на МЗТ Скопје уште еднаш на дело покажа како треба да изгледа еден комплетен кошаркар, оваа карактерна особина ја имаат и Бојан Крстевски и Дамјан Стојановски.

Војдан го водеше својот тим на сите три меча, со борбена игра и однесување кое прилега само на големите, на крајот сосема заслужено го понесе МВП признанието во Купот на Македонија и влезе во друштвото на своето кошаркарско семејство во едно вакво признание.

Феникс е вториот важен детал. Денис Дервишевиќ засега пишува убава кошаркарска приказна. Спојот на младоста и искуството од неколку поранешни македонски репрезентативци, без големо придавање на важност на странските играчи – секогаш вродува плод, ако тоа се прави трпеливо и вистински, не вештачки. Сиот труд им донесе историски финале и најважно мотив за работа и градење на свој имиџ. Најголемите победници се младите кошаркари, ја добиваат потребната доза на самодоверба од тренерот, а сето ова ќе се прелее како круна во националниот тим.

За останатите тимови кои не стигнаа до финалето, овој Куп на Македонија треба да биде лекција и тоа голема. Со празни зборови не се прави ништо, а уште помалку се освојуваат пехари.

Иако е млад Андреј Митревски размислува победнички, крајниот резултат во финалето за нив не е пораз, туку само мотив и лекција.

Лекцијата број еден е да не се потцнува никого, лекцијата број два е да се гради состав со странци кои навистина има што да покажат, лекцијата број три се однесува на управата на клубовите, да не им дозволуваат на тренерите да земаат играчи од надвор по секоја цена, да се посветат на она што може да донесе поубави денови во македонската кошарка.

Купот на Македонија овој пат го донесе она што ретко го гледаме во текот на сезоната, па и за време на репрезентативните настапи – полни трибини.

ПретходноПЛЕЈ-ОФ: Алкалоид на тежок испит во Битола!
СледноНема веќе тајни, познато е зошто Нејмар е во лоши односи со спортскиот директор на ПСЖ!