Легендарниот бразилски лев бек Марсело доби отказ од грчкиот Олимпијакос и тоа после само пет месеци откако пристигна во Пиреја. Бразилецот дојде како големо засилување меѓутоа не придонесе до подобри резултати, па на крајот дојде до раскин на договорот.
Марсело за Олимпијакос одигра само десет натпревари – пет во првенството, три во ЛЕ и две во Купот на Грција каде ги постигна трите голови во црвено-белиот дрес.
Најверојатно идната дестинација на Марсело ќе биде Бразил. Сантос засега е најзаинтересиран, а најновите информации говорат и дека Ал Наср може да достави понуда за 34-годишниот бек.