Нагелсман по поразот урлал во соблекувалната, ги бркал судиите!

664

Откако пред неколку дена славеа во Лигата на шампионите на гостувањето кај ПСЖ, се очекуваше истото да го направи и Баерн вчера против Борусија Менхенгладбах.

За тимот на Баерн ова е прв пораз по пет месеци и 21 одигран натпревар, истиот многу тешко му падна и на тренерот на оваа екипа Јулијан Нагелсман.

Германските медиуми објавија дека по натпреварот тренерот на Баерн дивеел во соблекувалната на својот тим, но тоа не е се.

Тој наводно ги бркал судиите на натпреварот и фрлал секакви работи кон нив.

„Дали ова е шега? Дали се шегувате, што се случува“, наводно им рекол Нагелсман на судиите на вчерашниот натпревар.

Покрај тоа, според германските медиуми, Нагелсман со тупаница ја удрил вратата од соблекувалната на судиите, сцените на кои никој не е навикнат во Бундеслигата.

Причина за сето ова е исклучувањето на Упамекано во осмата минута од натпреварот откако овој фудбалер одзади го собори Плеа.

Судијата не размислуваше многу и реши веднаш да му покаже на Упамекано директен црвен картон и патот до соблекувалната.

Така Баерн доживеа пораз после 21 натпревар, а последниот пораз му го нанесе тимот на Аугсбург.

Доколку Унион Берлин победи денеска против Шалке, ќе го преземе врвот на табелата.

ПретходноСите трансфери во ПМФЛ во зимскиот преоден рок: “Бомбите“ беа Радески, Тотре, Цветаноски, Маркоски…
СледноКошаркар кој не игра во НБА-лига победи во натпреварот во забивање (ВИДЕО)