По поразот од Монако, и пред поразот од Баерн, Нејмар призна дека Луис Кампос ја посетил соблекувалната и дека имало некои расправии и несогласувања.
“Имаше расправија, не се договоривме за некои работи. Се каравме, но тоа секогаш се случува. Се расправам и со мојата девојка, па продолживме да бидеме заедно”, рекол Нејмар и додавајќи:
“Фудбалот не е само љубов, понекогаш се борите да се подобрите. Вистината е дека не бевме добри и дека ПСЖ не е навикнат да губи”.
Француските медиуми всушност ги откриваат причините поради кои бразилскиот фудбалер и спортскиот директор на ПСЖ не се во добри односи, а станува збор за повреденото его на Нејмар.
Доаѓајќи во ПСЖ минатото лето како вистинска гаранција за успех, Луис Кампос со себе го донесе тренерот Кристоф Галтие, со кого добро соработуваше во Лил.
Воедно, спортскиот директор имал намера да направи одредени промени во тимот, а една од нив би било и заминувањето на Нејмар.
Сепак, Бразилецот не го напушти ПСЖ, но Кампос не се откажува и сака Нејмар да си замине на крајот од оваа сезона. Поради ова јужноамериканската ѕвезда не може да го поднесе спортскиот директор на клубот, а тоа целосно се чувствува во соблекувалната на тимот, пренесува L’Equipe.
Вчера беше објавена веста дека е договорена продажбата на Нејмар, раководството е подготвено да се сретне со Челзи за да ја договори продажбата на поранешниот напаѓач на Барселона.
Бројката која кружи низ медиумите кога е во прашање трансферот на Нејмар од главниот град на Франција во главниот град на Англија е 60 милиони евра, а зделката би била комплетирана на лето.