Денеска ќе се одиграат последните три меча од второто коло во плеј-офот. Екипата на Алкалоид е гостин на Пелистер (17 часот). По ремито и пропуштената шанса за победа, избраниците на Кирил Лазаров ќе имаат тешка задача во Битола, играат против првиот тим на Пелистер, кој во минатото коло тргна победнички, но кој во изминатиот период покажа дека има бројни слабости. Па лош ден, може да биде шанса за дебитантот.
Во терминот од 18 часот, Бутел Скопје и Пелистер 2 ќе ја бараат првата победа во плеј-офот, додека половина час подоцна Пролет против Тиквеш ќе ги лечи „раните“ од поразот од Вардар, додека кавадарчани ќе се обидат да ги освојат бодови и да направат напредок на табелата.
Вчера Вардар 1961 беше подобар од ГРК Охрид на гости со 23-26.